Како заглави конфискацијата на имотот на Сеад Кочан
Неажурно постапување на Државниот правобранител, злосторничко здружување на обвинители и истражители со обвинети или дупки во кривичниот законик. Што се крие зад неможноста на државата да си наплати штета од 17 милиони евра од пресудата за судскиот предмет Труст на поранешното Специјално обвинителство. Финансиската полиција обвинува дека Државното правобранителство со кривичната пријава прави дефокус во јавноста поради нивната инволвираност во проблемот.