Ковачевски: Очекуваме ист пристап и реципроцитет за бугарските граѓани со македонско самосознание
Премиерот Димитар Ковачевски за отворањето на клубот при културниот центар „Ванчо Михајлов“ во Битола вели дека очекува ист пристап и реципроцитет и за бугарските граѓани со македонско самосознание.
„Се работи за контроверзна историска личност, која во Република Северна Македонија е доживувана на различен начин од различни групи на граѓани. Сепак, бидејќи се работи за граѓанска иницијатива, согласно Европската конвенција за човекови права, со која ние сме целосно усогласени, ваквите проекти не се предмет на државен надзор. Во Република Северна Македонија е овозможено сите граѓани слободно да ги практикуваат своите етнички, религиски и идеолошки убедувања“, вели Ковачевски.
Јотова: Во Бугарија нема малцинства, Македонија видовме и по пописот дека е повеќенационална земја
Премиерот додава дека Владата ќе продолжи со ваквиот пристап, а со нетрпение вели го чека денот кога и Македонците во Бугарија ќе можат на ист начин да ги практикуваат своите уверувања.
„Воедно и Владата на Република Северна Македонија како и јавноста со нетрпение го очекува денот кога и кај нашите соседи ќе созрее времето кога и таму оние граѓани кои имаат, на пример, македонско самосознание, ќе можат на ист таков слободен начин да ги практикуваат своите уверувања“, изјави премиерот Ковачевски.