Времето денеска: претежно облачно со повремен дожд
Претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието краткотрајно ќе засилува. Дневната температура ќе биде од 3 до 11 степени. Во Скопје и околината слично време. Дневната температура ќе биде 9 степени.