ЈО- Поранешен полицаец му се заканувал на министерот за внатрешни работи
Пензиониран полицаец е осомничен дека му се заканувал на министерот за внатрешни работи, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје.
„Осомничениот, од својот мобилен телефон, се јавил во полициска станица во Центар со закана дека ќе биде убиен министерот за внатрешни работи, по што веднаш ја прекинал врската“, стои во соопштението на Обвинителството.
Откако јавувачот бил идентификуван и лоциран, бил извршен претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени еден карабин марка Ц3 со калибар 8Х57, пиштол марка „Чешка Зброевка“ со калибар 7,65мм, пиштол марка „Смит енд Весон“ модел 38/2, повеќе куршуми од различни калибри, еден пар лисици и телескопска палка.
Обвинителството кочничар за поефикасна битка против корупцијата
Јавниот обвинител бара притвор за поранешниот полицаец, оти и претходно бил осудуван за други кривични дела, постои опасност од бегство и постои основаност на сомненијата дека лицето упатило сериозна закана врз животот на службено лице.