Шаќири - СОНК да размисли за штрајкот
Mинистерот за образование и наука Јетон Шаќири ги повика наставниците да ја разгледаат одлуката за прекин на наставата, да ја имаат предвид понудата за покачување на платите од 10 отсто и економската состојба во која се наоѓа државата и да ги повикаат учениците во училиштата. Министерот денеска изјави дека е во комуникација со претседателот на СОНК Јаким Неделков.
СОНК штрајкува веќе втора недела во школите и градинките барајќи зголемување на платата и усогласување со минималната, која од мартовската плата изнесува 18 илјади денари. Синдикатот ја одби понудата на Владата да зголемување на платите од 10 проценти.
Министерот не прецизираше дали на денешната владината седница ќе се разгледува нов процент што би им бил понуден на СОНК, но апелираше да се има доверба во процесот, преговорите да продолжат, соопштувајќи дека ќе има ребаланс на буџетот и е можно пренасочување средства во министерствата како што предлага МОН за својот буџет.
Шаќири посочи дека Законот за минимална плата во член 8а одредил дека усогласување на сите плати треба да има во најмалку шест месеци, што значи, рече тој, дека има простор до септември, а дека како одговорна влада тоа го реализирале и побрзо со дадената понуда.
Тренчевска - На СОНК им се важни само парите
Народниот правобранител Насер Зибери денеска за штрајкот во образованието изјави дека „во случај на судир на две права, предност треба да им се даде на правата на детето“.
Од почетокот на генералниот штрајк на 11 април, Народниот правобранител досега примил четири до пет претставки – сите поплаки од родители зошто не се во можност децата да ги пратат во училиште, особено за сместување во градинките. Народниот правобранител Насер Зибер соопшти дека сите претставки се поплаки зошто нема настава, но нема претставки за попречување на штрајкот.