Евакуиран Aренa центар во Загреб по дојава за две бомби
Припадниците на специјалната единица во полициската управа во Загреб веднаш излегле на местото на настанот, а зградата на трговскиот центар, вклучувајќи ја и подземната гаража, се испразнети, додава полицијата.
Вечерњи лист, повикувајќи се на неофицијални извори пренесува дека полицијата добила дојава за две експлозивни направи, а специјалната единица на МВР со кучиња трагачи го пребарува трговскиот центар во потрага по потенцијална закана.