Нови 124 случаи на ковид-19, нема починати
Комисијата за заразни болести препорача укинување на сите ковид мерки
Во текот на изминатите 24 часа и согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин не се пријавени починати лица.
Досега во земјата се направени вкупно 2.015.726 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.434, бројот на оздравени пациенти е 299.653, на починати е 9.278, а бројот на активни случаи изнесува 503.