Повредени околу 20 работници при судар на два автобуси во Прилеп
Според првичните информации од прилепското Основно јавно обвинителство кое со полицијата направи увид, до сударот дошло околу 6 часот изутрината.
Едниот автобус бил без патници, а другиот, кој се удрил во бандера, бил полн со работнички кои требало да ја започнат првата смена во текстилна фабрика во Прилеп.
Повредените се на лекарски преглед во прилепската болница и се утврдува со какви повреди се здобиле.