Државата се задолжува, а во иднина или помали плати или повисоки даноци
Новото задолжување, ќе значи дека граѓаните ќе треба да одвојуваат уште некој денар плус за да враќаат долгови и за да отплаќаат камати. А државата ќе мора да крати на расходи или да ги зголеми приходите. Колку пари ќе одобри ММФ ќе се знае наскоро по нивниот скен на македонската економија кој завршува денеска. Претпoставките се дека владата побарала околу 900 милиони евра.