Турција ќе охрабрува милион сириски бегалци да се вратат дома
Ердоган новиот проект го најави на церемонијата за инаугурација на новите куќи изградени во Идлиб во северна Сирија. Тој присуствуваше на церемонијата преку видео-врска. Турскиот претседател се соочува со зголемен гнев во јавноста поради присуството на бегалците и е претпазлив по ова прашање оти следната година треба да се одржат парламентарни и претседателски избори.
Тој рече дека „откако Турција ги започнала своите прекугранични операции во 2016 година, околу 500.000 Сиријци се вратиле во безбедните зони во северна Сирија“.
Според проектот, Турција, освен во изградба на куќи, исто така, ќе помогне во изградбата на училишта и болници за да им служи на оние што се враќаат и ќе помогне во инфраструктурата потребна на локалната економија, „од земјоделство до индустрија“.
Турција започна копнена и воздушна офанзива во северен Ирак
Се очекува најмалку 100 илјади домови да бидат подготвени до крајот на 2022 година.
Турција прими речиси пет милиони беглаци од Сирија и Авганистан, но нивното присуство предизвика незадоволство кај локалното население, особено откако земјата минатото лето претрпе економска криза.