Нов обид на ЕУ за договор за забраната на руската нафта
ЕУ најавува нови санкции за руската нафта, војска и државните радиодифузери
Претставниците на ЕУ ја имаа својата прва дискусија за предлогот вчера, но состанокот заврши без формална поддршка за планот, бидејќи некои земји изразија загриженост за предложените мерки, рече изворот, кој одби да биде именуван поради чувствителноста на прашањето. Унгарија, Словачка, Чешка и Бугарија изразија загриженост за ембаргото за нафта, рече изворот, истакнувајќи дека сепак може да се постигне договор на новиот состанок на пратениците во четврток. Унгарија и Словачка јавно ја искажуваат својата загриженост за ембаргото за нафта, при што Словачка во средата изјави дека сака подолг период на транзиција за да се одвикне од руската нафта, од најмалку три години.