Нови 139 случаи со ковид-19
Во текот на изминатите 24 часа не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој термин дополнително е регистрирано едно починато лице од Скопје (73г), кој починал на 1 мај 2022 во домашни услови.
На Македонија ѝ се заканува епидемија со морбили?
Вкупниот број на ковид -дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 310 063 од направени 2 026 507 тестирања. Оздравени се 300 107 пациенти, бројот на починати е 9284, а активни случаи има 672.