Чешка ја укина вонредната состојба поради корона вирусот
„Ширењето на инфекцијата опаѓа“, изјави министерот за здравство Властимил Валек во Прага.
Последните податоци покажуваат дека за седум дена имало 77 нови инфекции на 100.000 жители. Отсега, чешкото здравствено осигурување ги покрива трошоците за ПЦР тестовите за коронавирус само доколку тоа го препише лекар.
СЗО: Сè уште не е крај на пандемијата
Од почетокот на пандемијата предизвикана од коронавирус пред повеќе од две години, 40.194 луѓе починале како резултат на инфекција во Чешка.
Почнувајќи од 9 април 2022 година, Чешката Република ги укина сите ограничувања за влез на патници поврзани со ковид 19. Патниците кои пристигнуваат во Чешка повеќе не мора да пополнуваат формулар за лоцирање на патници, да презентираат доказ за вакцинација против ковид 19 или претходна инфекција.