Министерски состанок на Г7 за дигитални прашања
Министри на земјите од Г7 на дводневен виртуелен состанок ќе разговараат за иднината на дигитализацијата и поповолните правни и регулаторни средини за развој и примена на нови дигитални технологии. Тука станува збор за посигурна прекугранична размена на податоци, спротивставување на дигиталните нееднаквости, зајакнување на безбедноста на интернет и одговорно државно дејствување во сајбер просторот, како и олеснување на фер конкуренција и подобрување на поврзаноста.
САД: Откриен „злонамерен софтвер“ за индустриски контролни системи
Покрај овие приоритети, министрите за дигитални прашања ќе расправаат и за прашања поврзани со олеснувањето на дигиталната трговија, дигиталните технички стандарди и дигиталната конкуренција. Германскиот министер за дигитални прашања и транспорт, Волкер Висинг го води работниот процес на дигиталните министри на Г7 до крајот на годинава во таканаречената „Работна група за дигитална и технологија“.