ЕУ без коментар за барањето на Косово за членство во Советот на Европа
Европската унија не ги коментира процесите поврзани со друга институција, особено кога не е членка, изјави портпаролот на ЕУ Питер Стано во врска со барањето на Косово за членство во Советот на Европа.
„Што се однесува до ЕУ, можам само да потсетам на нашиот апел Косово и Србија да направат се што е во нивна моќ за да напредуваат во дијалогот предводен од ЕУ за нормализација на нивните односи“, рече Стано.
Тој додаде дека страните биле повикани да се воздржат од каква било реторика или акција што може да доведе до тензии.
Косово на чекор кон аплицирање за членство во Советот на Европа, Вучиќ се противи
Министерката за надворешни работи на Косово, Доника Грвала, денеска ја поднесе апликацијата на Косово за членство во Советот на Европа.
Ова е досега најважната организација каде Косово аплицира со добри шанси да стане членка, бидејќи гласањето за прием во оваа организација е со двотретинско мнозинство.
Со излегувањето на Русија од Советот на Европа, Косово може да смета на позитивен исход од гласањето.