Конститутивна седница на новиот словенечки Парламент
Пораз за Јанша на изборите во Словенија, победа на Голоб
Словенечката демократска партија (СДС) на премиерот во заминување Јанез Јанша освои 23,48 отсто од гласовите или 27 места, а нејзиниот сегашен коалициски партнер Нова Словенија (НСи) 6,86 отсто од гласовите или осум места. Социјалдемократите (СД) на Тања Фајон собраа 6,69 отсто од гласовите, што е доволно за седум пратенички места, а Левица обезбеди пет пратенички места со 4,46 отсто. Новото собрание ќе го сочинуваат 36 жени и 54 мажи, а околу една третина од пратениците се реизбрани.