Времето денеска - нестабилно со пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе се движи во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени. УВ зрачењето ќе биде 6.
Во Скопје времето ќе биде променливо, облачно и нестабилно соповремен дожд игрмежи, а ќе има услови процесите да бидат поинтенизвни. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне 27 степени.