САД укинаа низа рестрикции кон Куба
Американскиот Стејт департмент денеска објави укинување на низа рестрикции поврзани со Куба, кои се однесуваат на процедурите за имиграција, трансфер на пари и воздушните врски.
Администрацијата на претседателот Џо Бајден по неколкугодишен прекин повторно ќе ја воспостави програмата со која се олеснуваат процедурите за имиграција за членовите на исто семејство, се укинува на досегашното ограничување на трансферот на пари во Куба и се зголемува бројот на летови меѓу САД и Куба.
Оваа најава е резултат на ревизијата на американската политика кон комунистичкиот режим иницирана од страна на претседателот Бајден.
Австрија очекува ЕУ наскоро да постигне договор за нови санкции кон Русија
Кога станува збор за трансфери на пари, САД ќе го укинат кварталниот лимит од 1.000 долари по глава на жител којшто досега беше дозволен да се испраќа во Куба, а ќе биде дозволено да се испраќаат пари и надвор од рамки на семејството.
Максимумот од 1.000 долари го воведе поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој за време на неговиот мандат презеде низа мерки против Куба.
Стејт департментот, сепак, прецизираше дека овој финансиски тек не треба да ги „обогатува“ лицата или субјектите кои ги кршат човековите права.
Покрај одобрувањето на зголемениот број летови за Куба, администрацијата на Бајден ќе одобри и некои групни патувања кои во моментов се забранети.
Сепак, финансиските санкции наметнати кон кубански поединци или субјекти остануваат на сила, соопшти американската администрација.