Нова средба на СОНК со министерствата, се очекува да биде постигнат договор
Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) денеска соопшти дека во 13:30 часот ќе одржи средба со претставници на Министерството за труд и социјална политика во рамки на преговарачкиот процес со медијација.
Потоа во 16 часот се очекува средба да биде одржана и со Министерството за образование и наука.
Страните преговараат за колективните договори во основно и средно образование, а на минатите средби деше разговарано и за формирање на работна група за нов колективен договор за предучилишните установи.
Неделков: Има позитивни сигнали за конечно решение
Со Министерството за образование и наука СОНК се очекува да разговара за процентот за зголемување на платите.
„Ние ќе направиме напори денеска да се постигне договор зашто за многу теми од разговорот сме дојдени блиску до решение на проблемот“, изјави денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
СОНК започна со генерален штрајк на 11 април, а потоа беше ставен во мирување. Претседателот на СОНК Јаким Неделков тогаш соопшти дека штрајкот ќе биде повторно активиран доколку не ги усогласат ставовите со Владата односно со ресорните министерства.