Лековитата уметност на Бојана Артиновска Трпческа
„Земја“ е насловена самостојната изложба на Бојана Артиновска Трпческа, што од 20 мај до 2 јуни ќе се одржи во Ликовниот салон на НУЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп. За уметницата се вели дека твори „композиции во коишто се отелотворува женскиот принцип“ и „апстрактни пејсажи со еколошки асоцијации“.