Уште едно одлагање на преговорите носи криза со ЕУ и внатрешни проблеми
Што доколку до 30 јуни не се реши спорот со Бугарија и повторно се одложат преговорите со ЕУ? Високиот претставник на ЕУ, Борел, предупреди на криза, а директорката на ЕПИ, Кацарска вели дека регионот ќе се оддалечи од европската агенда. Кржаловски од МЦМС смета дека граѓаните се разочарани од ЕУ.