По трет пат, албанскиот парламент не успева да избере Претседател
Албанскиот парламент денеска не успеа да избере нов претседател, откако ниту еден кандидат не беше номиниран за третиот круг на гласање.
Владејачката левичарска Социјалистичка партија и опозицијата не успеаја да постигнат компромис за кандидат кој ќе го замени претседателот Илир Мета, а не беше номиниран ниту еден независен кандидат.
Според изборните правила во првите три круга, победникот мора да обезбеди најмалку три петтини од гласовите или 84 пратеници. Владејачките социјалисти - со 74 од 140 места во парламентот - досега немаа доволно гласови за да го добијат побединикот.
Иако не се гласаше во првите три круга во три последователни понеделници затоа што немаше консезус за одреден кандидат, парламентарната правна комисија соопшти дека формално смета дека гласањето имало.
Албанскиот парламент гласаше против усвојување на резолуција за признавање на геноцидот во Сребреница
Следниот обид е закажан за следниот понеделник. Се очекува социјалистите да предложат и да гласаат за кандидат, иако не кажаа кој би бил тој. Кандидатите ги предлага група од најмалку 20 пратеници.
Мета кој на оваа функција дојде во јули 2017 година, некогаш беше член на Социјалистичката партија пред да го основа своето помало левичарско Социјалистичко движење за интеграција. Како претседател тој редовно и се спротивставуваше на Владата и ја нема нејзината поддршка за втор мандат.
Петгодишниот претседателски мандат во основа има церемонијална улога со мала власт.Се очекува дека новиот кандидат ќе застане над партиските поделби.