Заменикот градоначалник на Тбилиси пронајден мртов во својот дом
Заменик-градоначалникот на грузиската престолнина Тбилиси, Илија Елошвили денеска бил пронајден мртов во неговиот дом.
Грузиското министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека покренало истрага за причините за смртта. Не беа соопштени повеќе детали.
47-годишникот бил познат како близок соработник на градоначалникот на Тбилиси, поранешниот министер за енергетика Каха Каладзе.
Елошвили порано работеше како заменик-министер за енергија, а потоа стана министер за енергетика во 2012-2017 година, пред да почне да ја извршува функцијата заменик-градоначалник на Тбилиси.