Куртовски: Цензусот на локалните избори да се пресметува само на резидентно население
Владиниот повереник на општина Маврово и Ростуше Медат Куртовски, кој и покрај тоа што имаше повеќе гласови на локалните избори во оваа рурална општина не успеа да биде избран за градоначалник поради недостиг на цензус. Куртовски смета дека на наредните локални избори за избор на градоначалник цензусот треба да се пресметува само на резидетното население.
„На изборите можат да гласаат сите кои се на избирачкиот список , но цензусот да се пресметува само на бројот на резидетното население“ изјави Куровски.
Запрена постапката за избор на градоначалник на Маврово Ростуше
Според него само така може да се обезбеди објективен цензус и да се избере градоначалник во двете општини во земјава Маврово и Ростуше и Центар Жупа каде што поради цензус не се избрани градоначалници, а владата назначи повереници .
Куртовски кој во претходниот мандат беше градоначалник на Маврово и Ростуше, исто така ја изнесе оценката дека како владин поверереник има исти ингеренции како градоначалник, но според него со самиот факт што има рокови за организирање на нови избори не дава многу простор за подолгорочно планирање на активности и реализација на проекти.
Печалбарите клучни на изборите за градоначалник во Центар Жупа
Тој вели дека ,,штом се распишат избори има одредени ограничувања во носење одлуки, измена на планови за јавни набавки, уредување на градежно земјиште и друго,,.
Во Македонија само во руралните општини Маврово и Ростуше и Центар Жупа до сега по локалните избори одржани на 17 октовмри не се избрани градоначалници. Проблем беше необезбедениот цензусот на изборите, поради фактот што над 70 насто од населението во двете општини е иселено претежно во земјите на ЕУ.