ВМРО-ДПМНЕ: Џафери да закаже итна седница за законите за ДДВ и акцизи
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ бара од претседателот на Собранието Талат Џафери да закаже итна седница на кој аќе ги стани на двене ред нивните предлог закони за ослободување од ДДВ за прехренбени производи и 5 % ДДВ за горивата до крајот на годината.
„Бараме оваа седница да биде свикана што е можно поскоро зашто секоја помината минута, откако Владата реши да не ги продолжи антикризните мерки за горивата и основните продукти, претставува невидена голгота за граѓаните. Нашите граѓани страдаат, доведени се до ситуација да очекуваат некој нешто да преземе, бидејќи со ситуацијата во која Владата ги стави можат да преживеат едвај една недела, а не цел месец“, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на прес конференција во Собранието.
Тој потсети дека со вчера поднесените предлог-закони се предвидува акцизата за горивата да се преполови и да изнесува пет отсто, наместо актуелните 18 проценти, а прехранбените производи да бидат ослободени од ДДВ до крајот на 2022.
Како кај нас, а како во Европа се справуваат со растот на цените на храната и горивата
Опозицијата смета дека државата влегува во, како што велат, колективна сиромаштија и поради тоа е потребно итно делување и активизам со цел стопирање на двоцифрената инфлација.
Претходно во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ е наведено дека со една минимална плата за едно просечно семејство може да се купи 10 килограми зеленчук, еден пакет масло за јадење, еден резервоар со бензин, пакет млеко, 30 леба и 5 килограми овошје.
„Наместо месо, ќе вариме коски“: страв од нови поскапувања
„Во ова не спаѓаат ниту парите потребни за месечни сметки за режиски трошоци, пари за училиште, градинка, а не се ни помислува за културен или спортски живот. СДСМ наместо живот, донесе сиромаштија“ , се вели во соопштението.