Од полноќ поскапува бензинот до 2,5 денари по литар
Од полноќ бензините ќе поскапат од два до 2,5 денари за литар, а цената на дизелот останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).
Така, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за два денара за литар и ќе чини 109 денари, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 2,5 денари и ќе изнесува 111,5 денари за литар.
Нови антикризни мерки по ребалансот на буџетот
Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува и останува 99,5 денари за литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за три денари и од утре ќе се продава за 98,5 денари.
Нема промени и кај малопродажната цена на Мазутот М-1 НС која и понатаму ќе изнесува 54,64 денари за килограм.
Како причина за зголемените малопродажни цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референти цени на светскиот пазар кај бензините во просек за 3,497 отсто и кај дизелот за 1,882 отсто, како и за 0,105 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.
Цените на горивата забележаа раст од десетина денари за литар откако на 1 јуни престанаа да важат антикризните мерки на Владата донесени со цел да с езаштити стандардот на граѓаните.