Тројца космонаути полетаа кон кинеската вселенска станица Тијангонг
Кина денеска испрати тројца космонаути кон својата вселенска станица во изградба, каде што ќе поминат шест месеци и ќе бидат задолжени за нејзино понатамошно ширење.
Тие тргнале со леталото Шенџоу-14, носено на ракета Долг марш, која полета пред 5 часот утринава по средноевропско време во лансирниот центар Џијукван во пустината Гоби на северозападот на земјата.
Рогозин – Неизвесна е иднината на Меѓународната вселенска станица
За шест месеци на станицата Тијангонг, тројцата космонаути ќе ја нагледуваат надградбата на уште два лабораториски модули на делот за престој, кој беше лансиран во април минатата година.
Се очекува космонаутите се вратат на Земјата во декември, а вселенската станица треба да биде комплетирана до крајот на годинава. Станицата е пет пати помала од Меѓународната вселенска станица и може да обезбеди долгорочен престој на тројца луѓе.