Во Казахстан над 70 насто гласале за уставна ревизија
Излезните анкети покажуваат дека повеќе од 70 насто од гласачите во Казахстан кои учествуваа на вчерашниот референдум се залагаат за предложените уставни промени. Институтот за сеопфатни социјални истражувања соопшти дека нивната анкета покажала оти амандманите биле одобрени од 76,7 насто од гласачите. Централната комисија за референдумот по затворањето на избирачките места соопшти дека излезноста била 68 насто. Бројката не ги зема предвид гласовите дадени од Казахстанците во странство. Претседателот Касим-Жомарт Токаев рече дека референдумот ќе ја префрли земјата од „супер-претседателска форма на управување во претседателска република со силен парламент“.
Расте бројот на Руси кои бараат постојан престој во Казахстан
Референдумот за околу 56 предложени измени на уставот дојде откако земјата беше потресена од смртоносни немири во јануари кои ставија крај на долгогодишната контрола на власта на првиот претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев. Назарбаев го избра Токаев за негов наследник откако тој поднесе оставка во 2019 година. Референдумот се сметаше за обид на 69 годишниот Токаев да го формализира „пензионирањето“ на Назарбаев и да обезбеди негово заминување од политичката сцена.