Лани се родени 20 бебиња од мајки-тинејџерки помлади од 15 години
Во 2021 година се регистрирани 20 живородени деца од мајки на возраст под 15 години, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Во денешното соопштение е наведено дека минатата година се родени вкупно 18 790 деца, од кои живородени се 18 648, а мртвородени 142. Бројот на живородените деца во 2021, во споредба со минатата година, е намален за 2.0 %
Бела се чума зададе там долу в Македонија
Според месецот на раѓање, најголем број раѓања има во месец јули, односно 1 735. Според возраста на мајката, најголемо учество од 34.0 % имаат живородените деца од мајки на возраст од 25 до 29 години.
Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29.2 години, a 27.5 години кај првите раѓања.Бројот на вонбрачните живородени деца изнесува 2 546 деца, или 13.7 % од вкупниот број на живородените деца припаѓаат на вонбрачните.