Нови 73 заразени со корона, двајца починале
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 1.194 тестови, а регистрирани се 73 нови случаи со ковид 19, еден починат и 66 оздравени пациенти. Од вкупниот број позитивни (73), регистрирани се седум реинфекции.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид 19 од „Мој Термин“ регистрирано е едно починато лице во домашни услови.
Пациентите со постковид симптоми ги наполнија болниците
Од 73 новозаболени од Скопје се 45, Битола 9, Охрид и Кочани по 4, Кавадарци 3, Тетово 2, Куманово, Велес, Гостивар, Свети Николе, Крива Паланка и Дебар по 1 случај.
Досега во земјата се направени вкупно 2.062.933 тестирања на ковид 19. Вкупниот број КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 312.418, бројот на оздравени пациенти е 302.668, на починати е 9.313, а бројот на активни случаи изнесува 437.