Вработена во Домот за доенчиња и мали деца во Битола била пијана и врзала дете за кревет
Вработена во Домот за доенчиња и мали деца во Битола за време на работа во алкохолизирана состојба врзала едно од децата во вреќа за спиење за кревет, а другите ги запоставила, констатирал Народниот правобранител, постапувајќи по предмет по сопствена иницијатива по непосреден увид во установата.
Омбудсманот соопшти дека утврдено било дека вработената била во алкохолизирана состојба, а раководството на установата презема мерки против вработената, поради таквото постапување. Очекува реакција и од надлежното министерство.
„Омбудсманот очекува од надлежното Министерство да преземе мерки за најстрого санкционирање на ваквиот однос на вработената, при што укажува дека особено треба да се зајакнат критериумите, но и да се води грижа за начинот на селекција на лицата кои се вработуваат во установи и други форми на згрижување на деца и деца/лица со попреченост и апелира редовно да се контролира и мониторира квалитетот на услугата која ја даваат вработените во јавните установи, вклучително и во Малите групни домови, односот кон децата“, стои во соопштението.
Народниот правобранител против должничкото ропство предизвикано од каматите
Дополнително народниот правобранител потенцира дека мора да се превенира какво било несоодветно однесување кон децата, кое може да остави негативни последици во нивниот понатамошен раст и развој.