Попис: Автомобилот е најчесто превозно средство во Македонија, само 2,3% користат велосипед
Автомобилот е најчесто превозно средство кое се користи во Македонија.
Над 35 проценти од вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе до работа или училиште користи автомобил. Пеш оди секој петти, додека градски автобус користат седум проценти, а велосипед само 2,3 проценти.
Со воз до работа или училиште патуваат само 0,06 проценти или вкупно 341 лице. Над осум проценти до работа или училиште користат организиран превоз и исто толку, рекле дека користат повеќе од едно превозно средство.
Ова го покажуваат податоците за вкупното работоспособно население на возраст од 15 години и повеќе според пол и видот на превозното средство кое најчесто го користи до работа или училиште, објавен со третиот сет податоци од Пописот 2021 година.
„Велосипедот е најбезбеден превоз во пандемиското секојдневие“
Автомобилот е омилено превозно средство и во Скопје, а само околу четири проценти од жителите во главниот град користат велосипед
Над 42 проценти најчесто до работа или училиште одат со автомобил. На второ и трето место како најчесто превозно средство се автобус и пеш – по 13 проценти, додека околу четири проценти најчесто патуваат со велосипед.