Без работа се над 1500 магистри и 100 доктори на науки
Во земјава има вкупно 109 249 невработени лица на возраст над 15 години. Од нив речиси 80 проценти се со основно или средно образование.
Меѓу невработените има 1545 магистри и 100 доктори на науки.
Една третина од невработените магистри и повеќе од половина од невработените со докторат живеат во Скопје.
Постарите невработени најтешко до вработување
Скоро 57 илјади од невработените се со средно, а над 30 илјади со основно образование.
Ова го покажува третиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, објавен од Државниот завод за статистика.