Одрон на патот Росоман-Прилеп, сообраќајот ќе биде во прекин околу шест часа
Одрон има на патот Росоман-Прилеп, се работи на расчистување. Според најавите од Центарот за управувањето со кризи сообраќајот ќе биде во прекин околу шест часа.
Од Центарот за управување со кризи велат дека според информациите кои ги добиле од СВР Кавадарци, се работи за голем одрон кај месноста „Трите ленти“.
Невреме со град во Делчевско
„Изведувачот на новиот пат работи со механизација на расчистување на патот. Претпоставка е дека сообраќајот ќе биде во прекин 5-6 часа“, рече Илија Бојаровски од ЦУК.