Македонските нафтени компании со милионски профит во нафтена криза
Четири пати поголеми суми од претходната година заработиле македонските три најголеми нафтени компании во земјава во ек на пандемија и нафтена криза. Вкупната добивка на Окта, Макпетрол и Супертрејд за лани изнесува 45 милиони евра. Само во првите три месеци од годинава Окта заработи 10 милиони евра. Причините се зголемените цени и побарувачка.