Во Москва уапсени десетици преку системот за препознавање лица на Денот на Русија
Московската полиција уапси десетици новинари и активисти откако беа идентификувани користејќи систем за препознавање лица во градското метро.Ова го објави независната руска организација за заштита на човекови права чија цел е борба против политичкиот прогон. Организацијата ОВД Инфо ги следи апсењата на претставници на демократските институции, бранителите на правата и опозициските политичари.
Според соопштението на организацијата, најмалку 67 активисти и новинари биле приведени на 12 јуни, кој се одбележува како Ден на Русија, од кои 43 лица биле приведени откако биле идентификувани како потенцијални демонстранти. Тие беа избрани од толпата во московското метро од полицајците со употреба на системот за препознавање лица, се вели во нивното соопштение.
Меѓу приведените се и новинарите Пјотр Иванов, Олга Бажанова, Асија Казанцева, десничари и учесници на претходните јавни протести.
Тие рекоа дека полицијата им кажала дека се собрале како потенцијални демонстранти на Денот на Русија, национален празник кој ја слави декларацијата за државен суверенитет на тогашната руска Советска Федеративна Социјалистичка Република во 1990 година.
ХРВ со критики до Русија за користење камери за препознавање
Пред неодамнешната пандемија на коронавирус, политичката опозиција и активисти традиционално одржуваа антивладини протести на Денот на Русија.
Повеќето од приведените беа ослободени неколку часа подоцна.
Казанцева изјави за веб информативниот портал „Медијазона“ дека полицијата побарала од неа да напише изјава во која се вели дека поминала низ „превентивен разговор“ и „добила инструкции дека лицата кои се соочиле со административни апсења во минатото не можат да влезат во метрото на Денот на Русија“.
Активистката Арина Јарославцева изјави за ОВД-Инфо дека била приведена двапати на 12 јуни во различни области на Москва. Во една полициска станица, кога и биле земени отпечатоци од прст, додека во друга поминала низ како што полицијата го нарекла „превентивен разговор“. Таа не соопшти повеќе детали.