Космополитскиот дух на Омер Калеши повторно во Национална галерија
Триесеттина дела ја чинат изложбата посветена на големиот балкански и светски сликар, маестро Омер Калеши што од 16 јуни до 1 јули ќе се одржи во Чифте амам, во Национална галерија во Скопје. Организатори на поставката се Универзитетот „Мајка Тереза“ и семејството на неодамна починатиот уметник.