Космополитскиот дух на Омер Калеши повторно во Национална галерија
![Космополитскиот дух на Омер Калеши повторно во Национална галерија](https://gdb.rferl.org/C49D22E9-349A-4DAF-B0E4-84D9DBE4F3F7_w800_h450.jpg)
Триесеттина дела ја чинат изложбата посветена на големиот балкански и светски сликар, маестро Омер Калеши што од 16 јуни до 1 јули ќе се одржи во Чифте амам, во Национална галерија во Скопје. Организатори на поставката се Универзитетот „Мајка Тереза“ и семејството на неодамна починатиот уметник.