Хјуман рајтс воч бара ослободување на опозиционер во Казахстан
Хјуман рајтс воч бара од казахстанските власти да го ослободат опозицискиот претставник Жанболат Мамаи, кому му се заканува затворска казна до 10 години под обвинение за организирање масовни немири и свесно ширење лажни информации за време на протестите на почетокот на оваа година. Во соопштението на невладината организација е посочено дека случајот покренат против Мамаи „се чини дека е целосно неоснован и казахстанските власти треба веднаш да го ослободат“.
Обвиненијата беа поднесени против 33-годишниот шеф на нерегистрираната опозициска Демократска партија на Казахстан на 6 јуни. Тие обвиненија предвидуваат казна затвор до една година. Претходно тој одлежа 15 дена затвор за организирање на неодобрено бдеење во знак на сеќавање на мирните демонстранти кои беа убиени од казахстанските безбедносни сили за време на протестите во јануари 2022 година.
„Еден ден откако казахстанскиот претседател Касим-Жомарт Токаев изјави дека човековите права се на чело на Казахстан, властите поднесоа неосновани кривични обвиненија против лидер на опозицијата за остварување на неговите права на слобода на изразување и мирно собирање“, изјави директорот на хјуман рајст воч за Европа и централна Азија Хју Вилијамсон.
ХРВ бара построги мерки против Талибанците поради кршење на човековите права
Мамаи, познат по неговите остри критики на авторитарната влада на нацијата, се обидуваше да ја регистрира Демократската партија на Казахстан, но тврди дека тој е спречен да го стори тоа од владата. Тој вели дека функционерите дозволуваат само легално регистрирање на партиите лојални на политичките сили.
Казахстан беше управуван од авторитарниот претседател Нурсултан Назарбаев од независноста од Советскиот Сојуз во 1991 година додека Токаев не го наследи во 2019 година.