ВМРО-ДПМНЕ протестира пред Владата под мотото „Премногу е“
Присутните кои дојдоа од повеќе градови вееја македонски знамиња и скандираа „Македонија“ и „ВМРО-ДПМНЕ“.
Тие се упатија кон владината зграда од три зборни места - од пред зградата на МТВ, Трговскиот центар „Буњаковец“ и од Собранието, за протестот кој беше најавен во 20 часот.
Опозицијата во нов обид за соборување на власта
Од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинуваат власта за неспособност да се справи со криминалот, растечката инфлација, енергетската криза и сиромаштијата.
Протестот се организираше под мотото „Премногу е“, а од партијата го најавија како надпартиски и обединувачки.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ: Блокада на Собранието за спас на државата
Тој е продолжение на активната блокада на Собранието која ја почна ВМРО-ДПМНЕ минатиот месец поради, како што образложија, отсуство на подготвеност на премиерот Ковачевски и Владата да воспостават вообичаен политички дијалог и минимум државно единство во однос на барањата на опозицијата за наоѓање на решенија за кризната состојба во државата.