Нови 93 случаи на ковид, нема починати лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 777 тестови, а регистрирани се 93 нови случаи на Ковид-19. Од вкупниот број на позитивни 20 се реинфекции, а нема смртни случаи.
Расте бројката на заразени со ковид, нови 110 случаи
Досега во земјата се направени вкупно 2.074.909 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.252, бројот на оздравени пациенти е 303.410, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 520.