Ковачевски му кажа „не“ на францускиот предлог
Премиерот Димитар Ковачевски го отфрли „францускиот предлог“, ваков каков што е во моментот, за одблокирање на евроинтеграциите. Тој по Самитот ЕУ- Западен Балкан рече дека земјава направила сè, сега ЕУ е на потег. Албанскиот премиeр Еди Рама, чија земја, исто така е заложник на бугарското вето, рече дека земјите од регионот ќе продолжат на патот кон ЕУ, надевајќи се дека во наредниот век ќе бидат членки. Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека С. Македонија и Албанија заслужуваат датум. Лидерите на ЕУ ја откажаа прес-конференцијата, која требаше да се одржи по Самитот со Западен Балкан.