Страв од укинување на нови права по одлуката за абортусот во САД
![Страв од укинување на нови права по одлуката за абортусот во САД](https://gdb.rferl.org/080a0000-0a00-0242-0c35-08da5613e1de_w800_h450.jpg)
Одлуката на американскиот Врховен суд да се укине уставната гаранција за правото на абортус доведе до страв од можно нагло поместување кон десно за прашања кои се однесуваат на правата и другите лични слободи. Тука спаѓаат прашања за правото на контрацепција, правата на малцинствата или правото на истополови бракови.