Се вжештува политичката нетрпеливост во Собранието - неказнивоста остава последици
Неказнивоста остава лоши последици, сметаат политичките аналитичари со кои разговаравме за инцидентите во Собранието како вчерашниот со координаторот на ДУИ Арбр Адеми. Но, во пресрет на интерпелацијата како и во очекување на „конечната верзија од францускиот предлог“ за деблокада на преговорите со ЕУ, растат тензиите во Собранието меѓу пратениците од опозицијата и владејачкото мнозинство. Политичките аналитичари очекуваат „ново и поголемо шоу “ во наредните денови.