Завршува француското претседателство без информации за дополнет предлог за бугарското вето
Денеска е последен ден од ротирачкото претседателство на Франција со ЕУ и засега нема нова иницијатива за тргање на бугарското вето за старт на преговори меѓу Македонија и Унијата.
Франција пред две недели даде предлог како да се тргне ветото, но македонската страна го отфрли во таква форма во кое беше предложен и побара да биде надополнет со три барања.
Предлогот беше усвоен од бугарскиот Парламент. Но и тие побараа да биде надополнет со нивни барања. Во меѓувреме падна владата на бугарскиот премиер Кирил Петков, а Владата во Скопје тврди дека сè уште не им бил доставен официјален предлог за надминување на спорот со Бугарија.
Француските дипломати во седиштето на ЕУ, како што јави дописничката на МИА од Брисел, не се запознаени со нова иницијатива за надминување на спорот меѓу Софија и Скопје.
Премиерот Димитар Ковачевски вчера на собраниската седница за пратенички прашања, повтори дека не се прифатливи идеи кои не прават јасна заштита на македонскиот јазик, македонскиот идентитет и не е прифатливо билатерални прашања да бидат вклучени во мултилатерални преговори со ЕУ.
Предвремени избори и францускиот предлог на „мени“ пред пратениците
Доколку се постигне разбирање на овие позиции, Скопје е подготвено да се вклучи во разговори со партнерите во ЕУ.
Од утре претседавањето со ЕУ го презема Чешка.
Порано овој месец, Владата во Прага ги соопшти прироритетите на своето претседавање во кои не е наведено проширувањето на Европската унија кон Западен Балкан.