Паикин: Путин сака долготрајна војна за да ја влоши енергетската криза во Европа
Можно е Владимир Путин да игра долгорочна игра со желба војната да трае бесконечно, бидејќи како што наближува зимата, во Европа сè повеќе ќе се зборува за влошување на економската, пред сè, енергетската криза, вели за Радио Слободна Европа Захари Паикин, истражувач во Центарот за европска политика со седиште во Брисел. Со него разговараше Драган Штављанин.