Рама ја повика Македонија да го прифати новиот француски предлог
Северна Македонија треба без двоумење да го прифати новиот француски предлог, повика албанскиот премиер Еди Рама, истакнувајќи дека тој го отвора патот кон преговори за влез во ЕУ на Албанија и Македонија.
„Според мое мислење, новиот предлог, кој е и последен, мора добро да го разберат во Северна Македонија, е целосно прифатлив предлог и владата, мнозинството, парламент, треба да го прифатат без двоумење. Општеството во Северна Македонија треба да се чувствува целосно ослободено затоа што ќор – сокакот е надминат и елиминирани се некои нијанси што го направија неприфатлив претходниот предлог, рече Рама.
ВМРО-ДПМНЕ не го прифаќа предлогот и повика на сенароден протест
Албанскиот премиер информираше дека водел конструктивен разговор со претседателот на Бугарија, Румен Радев при што истакна дека Албанија нема проблем со Бугарија.
Изјавите ги даде на средба со новинарите, по Самитот на НАТО, што се одржа во Мадрид. Тој додаде дека постојано бил во контакт со францускиот претседател Емануел Макрон, кој, според него, заслужува голема благодарност и признание.
Ковачевски – Францускиот предлог е поволен и ги вклучува нашите забелешки
Албанскиот премиер вчера на социјалните мрежи објави дека и се дава можност на Северна Македонија за безусловен пристап и го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската унија. Тој во објавата додаде: Им велам на браќата Македонци и Албанци во Северна Македонија: Прифатете!, напиша Рама.