Поднесена кривична пријава против лицето кое пукаше на плоштадот „Скендербег“
СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава по брза постапка за кривично дело „предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво по член 288 од Кривичниот законик против Е.Ј.(40) од Скопје.
Како што информира МВР, „по преземени мерки и активности од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни деликти при СВР Скопје, лицето беше лишено од слобода вчеравечер (06.07.2022) во 20.10 часот, бидејќи околу 19.40 часот, во текот на одржување на јавен сoбир на граѓани организиран преку социјални мрежи, за време на инцидент на плоштадот „Скендербег“ на бул.„Гоце Делчев“, извадил пиштол „Walter P99“, кој го поседувал со дозвола и испукал во воздух“.
„Пиштолот му е одземен и вештачен, обезбедени се сите докази против него, за што во соработка со ОЈО Скопје лицето е изнесено пред Судија на претходна постапка“, соопшти МВР.
Ескалација на протестите - повредени и приведени пред Собранието
На 5 - тиот ден протести – инциденти кај плоштадот Скендер бег
Министерството за внатрешни работи (МВР) попладнево информираше дека поднело кривични пријави до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје за двајца демонстранти на протестите против францускиот предлог. Двајцата се пријавени за делото учество во толпа што ќе изврши кривично дело.
Во еден од случаите, станува збор за кривична пријава за 18-годишното момче за кое полицијата претходно во текот на денот информираше дека го привела, а кое на протестот во вторникот фрлало молотови коктели кон полицајците и зградата на Собранието.
Другата кривична пријава е за 22-годишно момче од Скопје кое денеска било лишено од слобода. Тоа на протестите вчера (среда) фрлало со тврд предмети кон полицајците при што повредило еден од нив.