Го уапсиле со дрога, па во викендичката му нашле и 10 мигранти
Кумановската полиција при претрес кај кумановец кај кого вчера пронајде пакувања дрога пронашла и десет мигранти од Сирија и Пакистан, соопшти денеска СВР Куманово.
Кумановската полиција вчера извршила претрес во напуштена викенд куќа во место викано „Ново Куманово“, каде повремено престојувал уапсениот Д.С.(41), при што биле пронајдени десет лица мигранти (пет од Сирија и пет од Пакистан), соопшти полицијата.
Двајца мигратни починале откако ги удрил воз кај Гевгелија
Претходно, вчера, Д.С. бил приведен затоа што при претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Куманово, биле пронајдени и одземени седум пакувања дрога.