Нови 792 случаи на ковид
Од вкупниот број на позитивни 203 се реинфекции. Регистрирани сe 317 оздравени пациенти . Во текот на изминатите 24 часа нема пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин се регистрирани две починати лица од Скопје (79г) и Гостивар (75г). Двајцата се починати во домашни услови. Лицата се пријавени за починати во период од 14 до 18 јули.
СЗО – Европа мора да делува веднаш за да избегне построги ковид мерки
Досега во земјата се направени вкупно 2.102.378 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 320.598, бројот на оздравени пациенти е 307.658, на починати е 9.345, а бројот на активни случаи изнесува 3.595.